1. Челична каса (полу шток)
2. Појачан скелет на крило
3. Железни шипки
4. Штитник за бравата
5. Помошни брави
6. Изолационен материјал
7. Подесувачки шарки
8. Обработен челичен лим
9. Сигурносна брава
10. Вградено прагче
11. Дихтунг 12. 180° окце

За Нас

Во 1991 година основано е приватното претпријатие БАКОМЕР ДООЕЛ Струга со основна дејност трговија на големо и мало на прехрамбени и непрехрамбени производи за лична и колективна хигиена во семејството. Во почетокот одпочна со работа со еден вработен кој воедно беше и управител на д руштвото. Основниот капитал претставуваше минималниот оснивачки влог во парични средства. Со тек на време, претпријатието според законската легислатива еволуира во трговско друштво и во името на фирмата се интервенира и истото денес го има називот БАКОМЕР Раим ДООЕЛ Струга. Од почетокот па до денес за развојот на ова трговско друштво има заслуга, денес главниот комерцијален раководител Раим Ќазимоски.

Денес, ова трговско друштво располага со доста современ деловен простор граден за намената за која се и користи со површина од околу 500 мкв, како и неколку разладни уреди за чување на стока под режим, замрзната стока и за одржување со корисна површина од околу 70 мкв, односно околу 200 метри кубни. Покрај деловниот простор располага со возен парк од три возила за дотур и дистрибуција на трговската стока до малопродажните објекти на бројните купувачи.

Во рамките на ова трговско друштво егзистира и современ деловен простор за продажба на градежен материал од типот на влезни сигурносни врати, собни врати, ПВЦ столарија, како и продажба на моторцикли на течно гориво со сервис и одржување во и после гарантниот рок.

Во моментов во ова трговско друштво се вработени околу 12 работници од најразновидни профили кои успешно се носат со предизвикот кој го налага современото работење.

Широкиот асортиман на стоки е доста оптимален за цепосно и успешно снабдување на трговските друштва и трговци поединци во малопродажниот сектор.

Така организираната работа во изминатиот период донесе резултати кои се на завидно ниво во смисол на опремувањето со деловен простор и друга опрема, редовно и навремено извршување на обврските према дов ерителите и државата, што ќе рече дека принципите на успешното работење( рентабилноста, акумулативноста и високата ликвидност ) се главната преокупација на основачот и вработените во ова фирма.